Wednesday, July 16, 2025
25.8 C
Skopje

МЕП МУРТЕЗАНИ НА СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ПРОГРАМАТА ЗА РАЗВОЈ НА ТРГОВСКОТО ПРАВО ПРИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРГОВИЈА НА САД (CLDP)

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска оствари средба со претставници на Програмата за развој на трговското право при Министерството за трговија на Соединетите Американски Држави (CLDP) и на Амбасадата на САД во Република Северна Македонија, на која што беше истакната заедничката заложба за унапредување на правната рамка и подобрување на инвестициската клима во Северна Македонија.

Во рамки на средбата беше потенцирано дека странските директни инвестиции се еден од клучните столбови на економската стратегија на државата, особено имајќи предвид дека станува збор за мала и отворена економија. Сепак, имајќи ги предвид глобалните геополитички случувања и потребата од зголемена претпазливост, неопходно е воведување на национален механизам за проверка на странските директни инвестиции, во согласност со критериумите и стандардите предвидени со Берлинскиот процес, Регулативите на ЕУ и НАТО стандардите за безбедност и заштита на јавниот ред и мир.

Министерот Муртезани посочи дека Владата веќе презема конкретни мерки за унапредување на правниот и институционалниот амбиент за инвестирање, при што особена улога има работната група составена од експерти од надлежни институции на Северна Македонија, со поддршка од CLDP и Амбасадата на САД во земјава. Муртезани информираше за работната група која изминативе месеци активно работеше на изготвување на нов нацрт закон за проверка на странските директни инвестиции кој има за цел да обезбеди поголема транспарентност, предвидливост и подобрена институционална координација, со што би се создале услови за посигурна, а со тоа и попривлечна деловна околина за домашните и странските инвеститори.

Министерот истакна дека првиот нацрт текст претставува почетна, но стратешка основа и дека следуваат дополнителни консултации со сите релевантни засегнати страни, вклучително и со бизнис заедницата. Во таа насока, беше изразена благодарност за досегашната соработка и поддршка од американските партнери, со уверување дека ваквите иницијативи претставуваат вистинска насока кон создавање праведна, модерна и предвидлива законска рамка која ќе го поттикне економскиот развој и владеењето на правото.

ОВАА НЕДЕЛА

КАКО ДА ВНЕСЕТЕ ПОВЕЌЕ МАГНЕЗИУМ ВО ВАШАТА ИСХРАНА?

Магнезиумот е еден од клучните минерали за здравјето, но...

ПОЖАР ЈА ЗАФАТИ ГЛАВНАТА СЦЕНА НА ФЕСТИВАЛОТ TOMORROWLAND

Еден од најпознатите музичкифестивали во светот, белгискиот „Tomorrowland“, треба...

РУБИО: ЗАВОЈУВАНИТЕ СТРАНИ ВО СИРИЈА СЕ СОГЛАСИЈА ДА ПРЕЗЕМАТ ЧЕКОРИ ЗА ПРЕКИН НА БОРБИТЕ

Завојуваните страни во Сирија се согласија за конкретни чекори...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ