Monday, December 2, 2024
5.8 C
Skopje

МЕП МУРТЕЗАНИ НАЗНАЧЕН ЗА НАЦИОНАЛЕН КООРДИНАТОР ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА РЕФОРМСКАТА АГЕНДА

На денешната седница на Владата на Република Северна Македонија беше усвоен заклучок со кој, министерот за европски прашања, Орхан Муртезани е назначен за национален координатор за спроведување на Реформската агенда.
На Седницата, исто така, беше утврден предлог – Моделот за формирање на структура за спроведување на Инструментот за реформи и раст, кој произлегува од Регулативата на ЕУ 2024/1449 за воспоставување на Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан, со која пак се дефинира Реформската агенда на Северна Македонија, како и од нацрт-Договорот за инструментот за реформи и раст и нацрт-Договорот за заем.
Со овој предлог-Модел, Министерството за европски прашања во координација со надлежните институции, треба да ги преземе неопходните чекори за операционализација на структурата што вклучува подготовка на сите процедури, упатства, насоки и други документи за мониторинг, известување и евалуација, како и јавна внатрешна финансиска контрола и ревизија, за спроведување на Реформската агенда.
По утврдувањето на текстот на Нацрт-Договорот за инструментот за реформи и раст, Владата го овласти министерот Муртезани да го потпише истиот.

ОВАА НЕДЕЛА

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ