Saturday, July 19, 2025
32.8 C
Skopje

МЕП МУРТЕЗАНИ ВО МАДРИД НА СРЕДБА СО ГЕНСЕК НА МЕЃУНАРОДНА ФОНДАЦИЈА ЗА ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА

Во рамки на работната посета на Мадрид, министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска оствари средба и со генералниот секретар на Меѓународната фондација за јавна администрација (FIAP), Тобијас Јунг Алтроге, на која што се дискутираше за тековниот напредок и клучните предизвици во процесот на реформата на јавната администрација (РЈА) во Северна Македонија.

Министерот Муртезани информираше за тековните активности и високото политичко внимание што му се посветува на процесот на реформа на јавната администрација, преку работата на Советот за реформа на јавна администрација, кој е под раководство на претседателот на Владата. Од конститутивната седница на Советот, одржана по усвојувањето на новата Стратегија за реформа на јавната администрација 2023 – 2030, се преземаат активности за нејзина имплементација, мониторинг и евалуација преку утврдениот систем за следење и известување.

Муртезани и Алтроге разговараа и за донесувањето на новите закони за административни службеници и вработени во јавниот сектор, како и за предизвиците што произлегуваат од спроведувањето на активностите предвидени со Акцискиот план за спроведување на Стратегијата за РЈА.
Беа разменети и ставови околу можностите за продлабочена соработка со FIAP, со цел размена на меѓународни искуства, унапредување на капацитетите на јавната администрација и следење на најдобрите практики во јавната администрација.

ОВАА НЕДЕЛА

ШУКОВА: ИМАМ РЕШЕНИЈА ЗА ЧИСТО, УРЕДЕНЕНО И БЕЗБЕДНО СКОПЈЕ КОЕ ДИШЕ

Прес-конференција, Каја Шукова, потпретседателка на СДСМ и кандидатка за...

РИСТЕСКИ: КОМПЛЕТНО РЕАЛИЗИРАНА ВЕТЕНАТА ПРОГРАМА ВО МОГИЛА

Прес-конференција на Петар Ристески, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.  Денес сме во...

МИЦЕВСКИ: ВМРО-ДПМНЕ ПРОДОЛЖУВА ДА РАБОТИ ВО ИНТЕРЕС НА КРАТОВЧАНИ

Прес-конференција на Никола Мицевски, координатор на пратеничка група на...

КУЗЕСКА: НЕМА 2.500 ДЕНАРИ ПОКАЧУВАЊЕ, ПЕНЗИОНЕРИТЕ СЕ ГРУБО ИЗМАМЕНИ ОД ВМРО-ДПМНЕ

Одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ Со...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ