Monday, February 10, 2025
2.8 C
Skopje

МЕП МУРТЕЗАНИ ВО ЕП НА СРЕДБИ СО ЕВРОПРАТЕНИЦИТЕ РОЈТЕН И ТОНИН

Министерот за европски прашања на Република Северна Македонија, Орхан Муртезани, на првиот ден од работната посета на Брисел, оствари средби со европратениците Тајс Ројтен (С&Д) и Матеј Тонин (ЕПП), известители во сенка за Северна Македонија.

На средбите беше потврдена силната поддршка од Европскиот парламент за европската перспектива на Северна Македонија. Европратениците ја истакнаа важноста на реформите и динамиката на пристапниот процес, како и потребата од градење стабилни односи со сите земји-членки на Унијата. Беше нагласено дека продолжувањето на интегративниот пат зависи од заедничките напори и конструктивен пристап во решавањето на предизвиците на европскиот пат.

Министерот Муртезани изрази благодарност за континуираната поддршка и ја потенцираше посветеноста на Северна Македонија кон европската агенда. Тој истакна дека земјата останува активен партнер во процесот на пристапување и очекува предвидлив и праведен пристап од страна на Европската Унија.

Посетата на министерот Муртезани во Брисел продолжува со низа состаноци со претставници на институциите на Европската Унија.

ОВАА НЕДЕЛА

ПРОДАЖБАТА НА ДРЖАВНИ СТАНОВИ ЗА 1.000 ЕВРА ПО м2 ЗАПОЧНУВА УТРЕ ВО БИТОЛА

Од утре, понеделник, започнува продажбата на државни комерцијални станови...

ЧИСТЕЊЕ СНЕГ НИЗ УЛИЦИТЕ НА МОНТРЕАЛ

Отстранувањето на снегот на тротоарите и улиците низ Монтреал,...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ