Мендух Тачи открива: На сите средби Али Ахмети молчеше, на последната лидерска средба му реков пред сите – Еј пеливан, збори бре!

0
1077

Мендух Тачи, лидерот на ДПА се сомнева во реализација на договорот од Пржино за излез на кризата и  го обвини лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека на преговорите за излез од кризата не го застапувал албанското прашање туку му се додворувал на премиерот Никола Груевски.

ahmeti-taci-540x295 (1)

Тој по денешната средба со амбасадорката на ОБСЕ Марјан Бертс истакна дека излез од политичката криза нема да има.

-Барањата од договорот за излез од политичката криза нема да се исполнат. Но, нашата партија стави потпис на овој документ затоа што тоа е најкраткиот пат Албанците на предврмените избори да ги казнат ДУИ за лошата политика и криминалот на владеачката политичка гарнитура, изјави Тачи.

Тој упати остри критики на сметка на Ахмети дека на средбите не го застапувал прашањето на Албанците.

„Ахмети на средбите на лидерите не отвори уста. Фигуративно на четвртата средба јас му реков: еј пеливан, збори бре! Но, ниту еден збор од негова страна, посебно по објавувањето на бомбите од страна на македонската опозиција, рече Тачи.

Околу можноста за учество на ДПА во преодната Влада Тачи изјави дека неговата партија нема да биде дел од корумпирана Влада.

– Ако вие една влада ја оцените како криминална, како корумпирана, како влада која го прекршува законот и човековите права и ги искористува медиумите, тогаш нема зошто да учествувате во таа влада, рече лидерот на ДПА.

На обвинувањата на Тачи реагираа од владеачката ДУИ кои неговите изјави ги оценија како дневно – политички маркетинг.