МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ НЕ СЕ ЗАДОВОЛНИ ОД ПОКАЧУВАЊЕТО : МАЛО Е, БИДЕЈЌИ Е ЛИНЕАРНО

0
526

Гордана Бешлиовска, претседателка на Сојузот на медицински сестри, го коментираше покачувањето на платите на вработените во јавното здравство, велејќи дека тоа е минимално. И претседателот на здружението на медицински сестри од Гостивар, Џелал Салија, покачувањето го нарече минимално, а вели дека ќе продолжи со барањата како што е зголемувањето на коефициентот.

Тоа е минимално покачување бидејќи е линеарно. Треба да се истакне дека скоро ништо не е покачено. Не можеме да застанеме тука, заедно со Сојузот ќе направиме договор и со синдикатите, за почеток да го испратиме законот во Комората на медицински сестри и за коефициентите, бидејќи засега е многу низок“, вели Џелал Салија.

Бешлиовска, запрашана за коментар околу покачувањето што го добија медицинарите во споредба со она што го добија функционерите (78 %), Бешлиовска рече дека не е достоинствено да се зборува за тоа.

Покачувањето од 2.000, 2500 и 3.000 денари важи за сите вработени во јавните здравствени институции. Изразено во проценти, медицинските сестри со средно образование ќе добијат покачување од 9,6 %, медицинските сестри со стручно високо образование, општите лекари и здравствените работници од 5,8%, а најмало ќе биде покачувањето за специјалистите – 2,7%.