МЕДИУМСКИТЕ КУРТОНИ НА РЕЖИМСКАТА ПРОПАГАНДА КУРИР,СИТЕЛ,РЕПУБЛИКА И ТВ НОВА И ОФИЦИЈАЛНО СЕ ГРУПИРААТ, ЌЕ ФОРМИРААТ КОНТРА-СИНДИКАТ

0
1065

Уредници и новинари од Сител, Република, Курир и ТВ Нова формираа нов новинарски синдикат, кој вчера и официјално беше впишан во Централниот регистар како независен синдикат на новинари. Претседател на новиот синдикат, според централниот регистар е Градимир Марковски, уредник во ТВ Нова. дознава 24вести.

Станува збор за паралелен синдикат, со оглед на тоа што голем дел од новинарите и медиумските работници веќе шест години се во синдикатот на самостојни новинари и медиумски работници. Како што објави порталот БИРН, голем дел од вработените во медиумите кои важат за блиски до власта се соочувале со притисоци и закани по своето работно место при потпишувањето на членството во новиот синдикат.