МЕДИУМИТЕ ЌЕ ИМААТ ПРИСТАП ДО ПРВОСТЕПЕНИТЕ НЕПРАВОСИЛНИ ПРЕСУДИ НА ВЕБ СТРАНАТА НА СТРАНИЦИТЕ НА СУДОВИТЕ

0
571

Министерството за правда ја разгледа Иницијативата за измена на членот 9 од Законот за управување со движење на предметите што ја поднесе Судско -медиумскиот совет.
На денешната средба на министерот за правда Кренар Лога со претставниците на Судско-медиумскиот совет, Васко Маглешов, Емилија Шопар и Саније Дураку, договорено е измените да бидат вметнати во Стратегијата за развој на правосудниот систем 2023-2027.

Со измените на законот ќе се овозможи јавно да се објавуваат првостепените неправосилни пресуди на веб страницата на судот со посебна мерка: Пристап на јавноста до првостепените неправосилни пресуди со измени на Законот за управување со движење на предметите во судовите.

Дел од прашањата за кои се дисутираше беше и потребата од транспарентност и отвореност на повисоките судови за јавноста како и наоѓање на соодветно софтверско решение за подобрување на судскиот систем.Министерството за правда во целост ги поддржува заложбите и активностите кои ќе придонесат кон зголемување на независноста, самостојноста, транспарентноста и интегритетот на правосудниот систем, се вели во соопштението на МП.