МЕДВЕДЕВ СЕ ЗАКАНИ ОД КРЕМЉ : ИМАМЕ ТИВКО НО СИЛНО ОРУЖЈЕ, ХРАНА ЌЕ ИМ ПРОДАВАМЕ САМО НА ПРИЈАТЕЛИ, ТАКВИ ВО ЕВРОПА И СЕВЕРНА АМЕРИКА НЕМАМЕ

0
555

Дмитри Медведев, поранешен руски претседател близок до актуелниот руски претседател Владимир Путин, порача дека Русија би можела да го ограничи извозот на земјоделски стоки само во „пријателски” земји, во контекст на санкциите што Западот ги воведе кон Москва поради инвазијата на Русија.

Тој рече дека Русија, еден од водечките светски извозници на пченица, ќе ја разгледа состојбата со снабдувањето со храна и земјоделството и ќе објави „некои едноставни, но важни упатства за безбедноста на храната во Русија“.

„Ќе извезуваме храна и земјоделски производи само за нашите пријатели. За среќа, ги имаме многу, но ги немаме во Европа и Северна Америка“, рече Медведев.

Заканата на Дмитриј Медведев доаѓа откако рускиот претседател Владимир Путин изјави дека „непријателските“ земји што од денеска купуваат руски гас мора да го платат во рубли. Најсилните европски економии, како Германија, Франција, Велика Британија и Холандија, веќе ја отфрлија таквата уцена.

Путин во изјава за руска телевизија рече дека се одлучил на таков потег со цел да го „зајакне рускиот суверенитет“.