Според дипломатски извори причината поради недоаѓањето на европратеничката тројка составена од Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит кој требало да бидат олеснители во процесот на преговорите помеѓу лидерот на опозицијата и СДСМ Зоран Заев и премиерот Никола Груевски, главната причина околу нивните несогласувања било наводното среќавање на еврокомесарот Јоханес Хан со македонски бизнисмен во Женева.
Еврокомесарот Јоханес Хан е назначен со тројца евро пратеници кои се очекувало да бидат олеснители во преговарачкиот процес, но ништо не би се случило од ова доколку тројцата европратеници не започнале сомнеж и јавни несогласувања со евро комесарот Јоханес Хан кој избиле на површина пред некој ден, несогласувањата започнале откако еврокомесарот Хан сакал да ја започне средбата без притоа да ги извести еврпратениците за тоа со каков предлог доаѓа во Македонија со цел да се олесни процесот на преговарање, на ваквиот потег на Хан европратениците жестоко реагирале и одлучиле да го пуштат еврокомесарот по вода со значително ослабена позиција во преговорите.
Според дипломатските извори станува збор за сума од милиони евра која во Женева му била понудена на еврокомесарот Хан која овој ја прифатил со цел предлог Груевски да остане мандатор на владата а СДСМ да добие колку што сака министерски места со што би се направил вакум простор за амнестирање на Груевски од направениот криминал, сумата според неофицијални извори изнесувала некаде околу 5 милиони евра, така што со овој потег Хан значително ја ослабува сопствената преговарачка позиција но и на премиерот Груевски а ја зацврстува на лидерот на СДСМ Зоран Заев и опозицијата која цврсто стои и несака да чуе за други предлози освен за оние кои опстојува. За овој случај веднаш дознаваат високи претставници на САД и Брисел кој по денешните преговори во Македонија веднаш ќе се фатат за работа на расветлување на овој дипломатски скандал од мегаломански размери.