МЕГА СКАНДАЛ ВО РЕК БИТОЛА ШТО ЕЛЕМ ГО КРИЕ ОД ЈАВНОСТА: Комбинатот троши над 30 илјади тони мазут годишно затоа што јагленот што го ископува е со лош квалитет и е практично земја со траги од јаглен?!

0
1847

Извори од ЕЛЕМ кои сакаа да останат анонимни ни јавуваат за многу скандалозни проблеми во РЕК Битола кои ЕЛЕМ ги крие од јавноста. Во РЕК изминативе години се потрошија околу 500 милиони евра на разни ремонти и тендери за набавка на руда и разна опрема а ситуацијата е КАТАСТРОФАЛНА.

“Тоа што се случува во рек е приказна за себе, рудникот е уништен, фрлаат земја со траги од јаглен во котлите, бидејќи нема калорилна вредност дополнуваат со мазут, честитките од земја кои се движат низ котелот, (котелот е составев од екрански цевки) работат на принципот на шмиргла со други зборови ги истенчија како хартија, т.е. читај немаш повеќе котел, со измената на турбината на третиот блок за потребите на новиот проект топлификација и со измената и модификациите на другите две турбини како и со слабата калорична вредност на јагленот не се во можност да кренат повеќе од 200 мегавата/час, немаат видено двојка пред вредноста со години, инаку треба да работат со 225 мегавати на час, значи немаш ниту турбини, значи го немаш РЕК а имаш 3000 вработени вмро-овци кои мамето му го ебаа на системот РЕК денес троши над 30 илјади тони мазут годишно” – вели нашиот извор.

Дека е ова точно го покажува и следниов графикон за растот на потрошувачка на мазут во ЕЛЕМ додека ретко или речиси никогаш не се пушта ТЕЦ Неготино која е на мазут па така излегува дека сета оваа потрошувачка на мазут е на сметка на РЕК Битола која тајно од електрана на јаглен е претворена на електрана на мазут што е сосема друг тип на електрана од аспект на цена на производство на струја затоа што мазутот е многу поскап од јагленот.

mazut rek

Извор : Мактел