Претседателот на РМ, Ѓорѓе Иванов, ,,амнестира,, криминалци (тоа и ЦРВЕНКОВСКИ го работеше!). Се прашувате зошто се случуваат вооружени пресметки во ДУИ. Еве одговор:
Криминалцни, рекетари и убијци комотно седат во канцеларија на министерот за правда и своерачно делат правда. Сами потпишуваат документи. Резултат е крв на улиците, по ресторани, пицерии и на слични места. На сликите кои ги објавувам ЕКСКЛУЗИВНО, се гледа како УСАМЕ СУЛЕЈМАНИ, возач на министерот за правда Блерим Беџети, седнат во неговиот министерски кабинет потпишува и удира печат на документи за амнестија на негови пријател, кој исто така е дел од обезбедувањето на министерот. УСАМЕ СУЛЕЈМАНИ е внук на поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи.
На сликите се гледа дека предметот се однесува на амнестија на лицето Јакупи Салуш Зејди, вмешен во вооружена престрелка во Кондово помеѓу групата на Блерим Беџети и Рафиз Алити (Командант Мсуси). После престрелката, откако е пуштен од болница, Зејди Јакупи заедно со внукот на поглаварот Усаме Сулејмани, спроведоа вооружена акција за враќање на реисот Реџпи во ИВЗ од каде беше избркан неодамна од страна на генералниот секретар и скопскиот муфтија.