МЕГА БОМБА НА КАМЧЕВ : БОКИ 13 И СЕРГЕЈ ВАРОШЛИЈА СО МУТИРАНИ ГЛАСОВИ ГО МАЛТРЕТИРАА АЦО КАБРАНОВ

0
1571

Орце Камчев на денешното рочиште проговори за односот кој Боки 13 го имал со вработените во 1 ТВ.

Како пример го наведе главниот уредник Ацо Кабранов. Според Камчев, Боки 13 и Сергеј Варошлија со мутирани гласови преку телефон го малтретирале Кабранов и му се заканувале.

Боки 13 на интерфон ги злоупотребуваше и политичарите. Го слушав како го малтретираше господинот Кабранов, па после глумеше дека го спасил – рече Камчев, додавајќи дека на одредени новинари од 1ТВ им давал насоки што да прават.