Thursday, May 15, 2025
17.2 C
Skopje

МЕГА БОМБА НА ВЕРУШЕВСКИ : За прислушувањето знаеше целата Петта управа во УБК, дел од вработените ќе бидат идни сведоци!

Противправното прислушување е дел од системот на Петтата управа во рамки на УБК, а се спроведува како посебен проект од 2007 година, рече првосомничениот во „Пуч“, Зоран Верушевски, на денешната јавна расправа пред судскиот Совет кој треба да го оцени обвинителниот акт и да одлучи дали ќе оди во понатамошна судска постапка, или ќе се врати во јавното обвинителство на дополнитена истрага, јави А1 он.

За делото шпионажа, тој рече дека нема ниту еден доказ од истрагата кој покажува поврзаност меѓу него и било која странска држава или странска безбедноста структура. Од друга страна, го уверуваше судот дека е невозможно да постои врска меѓу прислушувањето и насилството врз државни функционери.

Верушевски индиректно ја потврди неговата поврзаност со Петтата управа на УБК, но при тоа го замоли судот да има разбирање што ги обезбедил овие сведоштва со цел да се дознае за криминалот.

– Доколку навистина се случило тоа, односно дека мојата шпионажа траела четири години, тоа ќе значи дека со години државата собирала непроценливо благо за високите дострели на македонската номенклатура. Во тој случај Верушевски имал проблем да ја натера таа номенклатура агресивно да навлезе во сферата на криминалот. Тоа што Верушевски во овој период се соочил со таква содржина, го исправило пред одлуката да обезбеди сведоштво за овие и за идните генерации дека во изминатиот период сме имале вистинска деструкција која извирала од системот на државата. Се надевам дека судот ќе најде разбирање околу оправданоста на обезбедувањето на овие сведоштва. Може ли да постои општество каде ќе има хармонија меѓу злосторот и злосторниците – праша тој.

Верушевски рече дека противправното прислушување е креација на Петтата управа во рамки на УБК и дека се спроведувало и во 2001 година, во случајот наречен „Големо уво“, а масовното прислушување започнало од 2007 година.

Повеќе ОВДЕ

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

МАЈКА НА ПОВРЕДЕН ВО КОЧАНИ: ПОВРЕДАТА Е ТОЛКУ ЧУВСТВИТЕЛНА ШТО ОД МИНУТА ВО МИНУТА СОЗДАВА НОВИ ПРОБЛЕМИ

Благица Сабовљевиќ-Стоименова, граѓански активист и мајка на повреден вели...

НАЈНОРМАЛНО Е ДА ИМАМ ПРЕКРАСНИ ОДНОСИ СО СРПСКОТО ДРЖАВНО РАКОВОДСТВО, ВЕЛИ СТОИЛКОВИЌ

Според вицепремиерот, влијанието на Србија во земјава се преувеличува,...

ИНЦИДЕНТ МЕЃУ ДЕМОНСТРАНТИТЕ И ПОЛИЦИЈАТА НА ВЛЕЗОТ НА СУДОТ ВО НОВИ САД

Пред зградата на судот и обвинителството во Нови Сад...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ