Sunday, April 20, 2025
21.8 C
Skopje

МЕГА БОМБА: АВТОПАТИШТАТА ЌЕ НИ ИЗЛЕЗАТ НИЗ НОС – Освен што мафијата од ДПМНЕ лапна 25 милиони евра провизија, сега пак поради лошиот договор на Грујо и Миле „жутите“ ќе се офајдат со 13 милиони долари народни пари!

За реновирањето на Собранието биле потпишани шест анекси на основниот договор и уште три откако се пробиле предвидените рокови за завршување на проектот. Ревизијата покажува дека за преадаптацијата на законодавниот дом за пет години се потрошиле 16 милиони евра. Државниот ревизор констатирал неправилности при склучувањето анекси. Собранието набавило работи и стоки во вредност од над 670 илјади евра без ДДВ, пренесува „Либертас“.

Државен завод за ревизија:

„Од извршениот увид, утврдивме дека поголем дел од овие набавки се информатичка и друга опрема за чија набавка се исплатени 330 илјади евра, за која требало да се спроведе посебна набавка од причина што опремата не преставува непредвидени градежни работи“.

Ревизијата откри и големи пропусти во работата на Јавното претпријатие за државни патишта. Ова претпријатие кое инвестира во двата нови автопати Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид, поради лошиот договор, на кинеската „Сине Хидро“ и се плаќаат дополнителни пари. Јавното претпријатие 90 отсто исплатата ја врши во долари. Поради курсната разлика, бидејќи од година во година доларот се повеќе зајакнува, на „Сине Хидро“ за двата автопати во 2015 – та година и исплатиле вкупно 13 милиони и 600 илјади евра повеќе од договореното. Ова продолжи и годинава.

Државен завод за ревизија:
„Во 2016 – та година, во сметководствената евиденција на ист начин се евидентирани разликите по основ на овој вид на трошоци како во 2015 и истите изнесуваат три милиони евра заклучно со 31.3.2016“.

Ревизорите констатираат дека доцни изградбата на двата автопати. Се соменваат дека делницата Миладиновци – Штип нема да биде готова до 1 мај 2017 – та година ниту пак автопатот од Кичево од Охрид кој треба да е готов до 28 јануари 2018 – та година. Проблем се и парите од кредитот од Кинеската банка кои не се префрлаат според планот и динамиката.

Инаку, тендерот за изградба на двата автопати беше дел и од опозициските бомби, каде наводно, поранешниот премиер Никола Груевски и тогашниот министер за транспорт Миле Јанакиески договараат провизија од кинезите во висина од 25 милиони евра.

ОВАА НЕДЕЛА

МЕЏИТИ НАЈАВУВА: ТРАНСФОРМИРАЊЕТО НА ВЛЕН ВО ПАРТИЈА ПОЧНУВА СЛЕДНАТА НЕДЕЛА

Изет Меџити / Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ Првиот...

ПУТИН ПРОГЛАСИ ЕДНОСТРАН ПРЕКИН НА ОГНОТ ВО УКРАИНА ЗА ПРАЗНИКОТ ВЕЛИГДЕН

Фото: kremlin.ru Примирјето ќе започне во сабота во 18 часот...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ