МЕГА АКЦИЈА НА КАТИЦА И АЛФИТЕ : АЛФИТЕ СО ТИМ НА СЈО го чуваат влезот на Централниот регистар од уништување на документи против режимот

0
758

Зградата на Народната Банка на Република Македонија од попладнево е предмет на интерес на полициски единици и лица од Специјалното обвинителство, објави Алсат-М повикувајќи се на очевидци и вработени во институциите кои се сместени во објектот.

centralen-registar-670x347

Нашата екипа пред малку вечерва регистрираше дека пред зградата има возило на единицата АЛФА кое е паркирано пред влезовите во објектот, а повремено можат да се забележат и други полициски возила. На упатените прашања до Специјалното јавно обвинителство, ни потврдија дека нивни истражители помогнати од полицијата се присутни пред зградата на НБРМ поради судска наредба за одземање на документи од Централниот регистар на Македонија.

Наредбата била издадена при крајот на работното време, но по истата не било постапено бидејќи сите вработени од Централниот регистар биле пуштени да си заминат дома. Така, велат од СЈО, нивните истражители и полицијата ќе останат да го чуваат објектот до почетокот на работно време утре, за да не дозволат влез или излез од објектот или изнесување документи, бидејќи како што велат, имале сомнеж дека е можно уништување на материјали кои потенцијално се од интерес на СЈО. Од кај Катица Јанева не откриваат за кој предмет се врши одземањето на документите.

Неофицијални, информирани извори за „Фокус“ пренесуваат дека пред извесен период СЈО побарало одредена документација за да провери сомненија за криминал со перење пари преку сомнителни фирми, но од Централен регистар, како и другите институции, одбиле да соработуваат со тимот на Јанева и испратиле писмо дека барањето на СЈО било нејасно.

Но по се изгледа барањето било толку сериозно што власта се обидела да организира уништување на документи, а претходно со писмото до СЈО, Централниот регистар како да сакал само да купи време. Токму вечерва, во обид да спречи сокривање или уништување на докази, СЈО упадна во Централен регистар. Инаку, неколкумина обвинители денеска, по неуспешната писмена комуникација, се обиделе и лично да направат увид. По нивното заминување се отворил сомнежот дека власта толку се исплашила, односно компаниите кои се под истрага, што некој тајно започнал со постапка за уништување докази. Се уште е непознато каков план имале тие што имале намера да сторат кривично дело „уништување доказен материјал“ и на каков начин да го изведат тоа.