МВР ЌЕ ГО ОБЕЗБЕДУВА ЧЕСТВУВАЊЕТО НА ГРОБОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, КОВАЧЕВСКИ ЌЕ ЈА ПРЕДВОДИ ВЛАДИНАТА ДЕЛЕГАЦИЈА

0
152

Владината делегација која ќе присуствува во црквата „Свети Спас“ во Скопје и ќе положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев по повод денот на неговото раѓање, 4 февруари, ќе биде составена од премиерот Димитар Ковачевски, првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, одлучи Владата на денешната седница.

Во врска со одбележувањето на 4 февруари, Денот на раѓањето на Гоце Делчев, Министерството за внатрешни работи е задолжено да ги преземе сите мерки за обезбедување на реализацијата на настанот, согласно препораките од надлежните служби соопштени на вчерашната седница на Советот за безбедност, соопшти Владата.