МВР ЈА КОНТРОЛИРА СЕКОЈА ПЕДА, А СТРУЈАТА ВО СЛУПЧАНЕ ДА НЕ СЕ КОРИСТИ ЗА КРЕИРАЊЕ МЕЃУЕТНИЧКИ ТЕНЗИИ – ПОРАЧА ПРВИОТ ПОЛИЦАЕЦ СПАСОВСКИ

0
582

Меѓувреме, некаков договор веќе се постигна, но откако се вклучија сите фактори во приказната. Ќе се реконструира електричната мрежа во ова населено место во липковско. Министерот за внатрешни предупреди – проблемот не е во целото Слупчане, прекршувачите на законот се поединци со име и презиме.

„НЕ СМЕЕМЕ ДА ГИ КОРИСТИМЕ ВАКВИТЕ НАСТАНИ ОД БИЛО КОЈ АСПЕКТ ЗА ДА ГИ КРЕВАМЕ ТЕНЗИИТЕ ИЛИ ПАК ДА ПОТТИКНУВАМЕ БИЛО КАКВИ МЕЃУЕТНИЧКИ КОНФЛИКТИ. ПОЛИЦИЈАТА ПОСТАПУВА ПОСТОЈАНО ВО ДОСЛУХ И ДОГОВОР СО ЕВН, ВО ОДНОС НА ЦЕЛИОТ ОВОЈ НАСТАН. АКО СЕ ИСПОЛНАТ УСЛОВИ КОИШТО ЌЕ БИДАТ ПОТРЕБНИ ЗА ДА ИМА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА ПОЛИЦИЈАТА – И ТОА ЌЕ ГО НАПРАВИМЕ. ТУКА НЕМА НИКАКВА ДИЛЕМА. И ДА НЕМА НИКОЈ ДИЛЕМА, НЕМА ЕДНА ПЕДА ВО МАКЕДОНИЈА НА КОЈАШТО МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА НЕ МОЖЕ ДА ПРЕЗЕМА МЕРКИ!, ПОРАЧА МИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ“

Бунтот помеѓу жителите во Слупчане се прелеа и во околните села. Самоволието на поединци кои уништиле трафостаница и предизвикаа дефект пред два дена, без струја остави повеќе други населени места, а тоа ги разлути жителите на Оризари.Тие вчера упаднаа во канцелариите на ЕВН во Куманово и вработените веднаш си заминале додека не е безбедно за нив да се вратат на работа. Од ЕВН потврдуваат дека веќе е нормализирана ситуацијата.

„КОРИСНИЧКИОТ ЕНЕРГО ЦЕНТАР НА ЕВН КУМАНОВО ДЕНЕС ПРОДОЛЖИ СО РАБОТА КАКО И ВООБИЧАЕНО. ВЧЕРА Е ПОСТИГНАТ ДОГОВОР СО МЕШТАНИТЕ НА СЛУПЧАНЕ, А ГАРАНЦИИ СЕ ДАДЕНИ ОД ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ И ОД СТРАНА НА СИТЕ ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ, ВЕЛАТ ОД ЕВН.“

За следната недела е најавен состанок на градоначалникот, со министерот за економија и претставници на месната заедница на село Слупчане. Ќе се разгледува што е изводливо да се оствари од барањата на жителите, но и што ќе се прави со наталожениот долг и кражбите на струја.Додека тие решаваат, јавноста коментира, а опозицијата критикува. Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ запраша дали жители во населени места каде што се наплатува електричната енергија во голем процент треба да ги кренат трансформаторите во воздух, за да привлечат внимание на своите проблеми.