МВР ЈА ИЗВЕСТУВА ЈАВНОСТА : ЛИЧНИТЕ КАРТИ ЧИЈ РОК НЕ Е ИСТЕЧЕН ЌЕ ПРОДОЛЖАТ ДА ВАЖАТ И ПО 12.02.2024!

0
288

ИЗВЕСТУВАЊЕ   З А   Ј А В Н О С Т

Министерството за внатрешни работи како ресорно министерство надлежно за издавање на лични документи укажува дека Законот за личната карта не е изменет.

За таа цел, ги информираме граѓаните на Република Северна Македонија, дека ЛИЧНИТЕ КАРТИ со називот на државата „РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“ кои имаат важност, односно чиј рок не е истечен, продолжуваат ДА ВАЖАТ и по 12 февруари 2024 година