МВР ЈА ИЗВЕСТУВА ЈАВНОСТА ДЕКА СЕ НАПРАВЕНИ СИТЕ ПОТРЕБНИ ПРОВЕРКИ ВО ВРСКА СО ДЕНЕШНИТЕ ПРИЈАВИ ОД УЧИЛИШТАТА НА ТЕРИТОРИЈА НА СКОПЈЕ КОИ ДОБИЛЕ ПОРАКА НА ЕЛЕКТРОНСКАТА АДРЕСА СО ЗАКАНА ЗА ПОСТАВЕНА ЕКСПЛОЗИВНА НАПРАВА

0
187

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училиштата на територија на Скопје кои добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.