Saturday, May 17, 2025
13.5 C
Skopje

МВР УАПСИ 14 ГОСТИВАРЦИ КОИ БИЛЕ НА ИЗЛЕТ ОТКАКО ЕДЕН ОД НИВ ИСПУКАЛ ЗАЛУТАН КУРШУМ И ПОВРЕДИЛ ЖЕНА

Уапсени се 14 гостиварци, кои биле на излет и пукале од огнено оружје, при што заталкан куршум повредил жена.

Ноќеска во 01.30 часот полициски службеници од Полициското одделение Чегране при Секторот за внатрешни работи Тетово лишиле од слобода 13 лица од Чегране и едно лице од Гостивар.

„Уапсените лица околу 20.30 часот во близина на селото организирале излет и се сомничат дека пукале од огнено оружје, а еден заталкан куршум ја повредил 52-годишната Р.Ф., која била во двор во селото. Таа била пренесена во Ургентен центар Гостивар каде и била укажана лекарска помош. Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од Секторот за внатрешни работи Тетово.

За време на свадби честа е употребата на огнено оружје.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ