Thursday, February 13, 2025
5.8 C
Skopje

МВР : СУЗБИЕНА ОРГАНИЗИРАНА КРИМИНАЛНА ГРУПА ЗА ТРГОВИЈА СО ДРОГА

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за специјални полициски операции, под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска и вчера по повеќемесечно криминалистичко истражување, спроведе координирана полициска акција, во која е сузбиена 14-члена организирана криминална група составена од лица од Скопје.

-Криминалната група подолг период вршела кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога. Основаните сомневања се дека организаторот на криминалната група преку нејзините припадници вршел дистрибуција и улична продажба на наркотична дрога директно до корисниците, информираат денеска од МВР.

При реализацијата, постапувајќи по наредби за претреси во дом и други простории издадени од судија на претходна постапка, извршени се претреси кај 16 лица, на вкупно 21 локациja на подрачје на Скопје и Гевгелија.

При претресите пронајдени и одземени се поголем број предмети за кои ќе биде извршено форензичко вештачење. Меѓу пронајдените и одземени предмети се и повеќе поголеми и помали пакувања со прашкаста материја.

Од МВР најавуваат дека во текот на денешниот ден ќе биде поднесена кривична пријава против 14 лица до надлежното Јавно обвинителство, а истите ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.

Имајќи предвид дека оперативно тактичките активности се уште траат во координација со надлежниот јавен обвинител, од Министерството најавуваат дека јавноста дополнително ќе биде известена со повеќе информации.

ОВАА НЕДЕЛА

СОПРУГАТА НА ИГОР ЈУГ: ЕДНА РЕЧЕНИЦА ДА МЕ ПОСЛУШАШЕ, СЕГА УШТЕ ЌЕ БЕШЕ МЕЃУ НАС

Сопругата на Игор Југ, еден од осудениците за настаните...

СТОЈЧЕВСКИ: ВОЗЕЛ ПИЈАН, БЕЗ ВОЗАЧКА, НАПРАВИЛ СООБРАЌАЈКА – БАРАМЕ ОСТАВКА ОД ПРАТЕНИКОТ СЕРГЕЈ ПОПОВ

Прес конференција на Социјалдемократската младина на Македонија, Трајче Стојчевски...

КУЗМАНОВСКА: СКАНДАЛОТ СЕ ШИРИ, СЕРГЕЈ ПОПОВ НАМЕСТО ЗАТВОР ДОБИЛ КАЗНА ОД 500 ЕВРА

Изјава за медиуми, Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММ Почитувани, Скандалот со...

ФИЛИПЧЕ: СДСМ Е ПРОТИВ ПРОМЕНА НА ДРЖАВНИОТ ГРБ, ГО НОСИ КОНТИНУИТЕТОТ НА НОБ

Ние сметаме дека државниот грб сосем соодветно ги отсликува...

ФИЛИПЧЕ: ЕКОНОМСКАТА СОСТОЈБА СЕ ВЛОШУВА, ВЛАДАТА НЕ НУДИ РЕШЕНИЈА

Има значајно влошување на економската состојба, стандардот на граѓаните...

БОРИСОВ: АПСОЛУТНА ПРОВОКАЦИЈА Е ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ И НЕ ТРЕБА ДА СЕ ОБРНУВА ВНИМАНИЕ

Апсолутна провокација е изјавата на премиерот Христијан Мицкоски во...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ