МВР СТАНА ВИСТИНСКИ СЕРВИС ЗА ГРАЃАНИТЕ : Уапсен и протеран од страна на МВР познат нарко бос од Турција

0
850

Полицијата вчера уапси и протера познат нарко бос од Турција, кој подолг период мешетарел во државата.

Во кулоарите на големо се зборуваше за неговото присуство во Македонија и конекциите со локални бандити, но и политичари. Од МВР го потврдуваатприведувањето: „ На 18.01.2021 полициски службеници од Бирото за јавна безбедност го приведоа Р.С.П. (49), кој престојувал спротивно на целта за краткорочен престој.

По констатираната злоупотреба на престојот, лицето е протерано од територијата на Република Северна Македонија.“, велат од МВР.