МВР СПРЕЧИ ШВЕРЦ НА РИБА НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН КАЈ СВЕТИ НАУМ : ЗАПЛЕНЕТИ 177 ПАРЧИЊА ОХРИДСКА БЕЛВИЦА, ПРИВЕДЕНО ЛИЦЕ ОД РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА

0
433

Денеска (03.10.2022), по преземени мерки и активности, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Св.Наум го привеле А.П.(53) од Република Албанија.

При контрола во патничко возило „фолксваген туран“, со албански национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 177 парчиња охридска белвица, кои биле предмет на недозволена трговија од Република Северна Македонија кон Република Албанија.

А.П. е приведен во Полициската станица и по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.