Monday, May 19, 2025
8.8 C
Skopje

МВР СО ДЕТАЛИ ЗА СООБРАЌАЈКАТА КАЈ КИЧЕВО: МЕЃУ ЗАГИНАТИТЕ ДВАЈЦА СОПРУЖНИЦИ ОД ГОСТИВАР, ПОВРЕДЕНИ СЕ И МАЛОЛЕТНИЦИ

Според министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, причината за несреќата најверојатно е огромна неприлагодена брзина на еден од учесниците во сообраќајката кој е меѓу починатите. Тешката сообраќајна несреќа со трагични последици се случила на 18 април околу 20:40 часот на магистралниот пат Кичево – Гостивар, во близина на местото викано „Сеферов бунар“, соопшти СВР Охрид. Во несреќата учествувале три патнички возила – „мерцедес“ управуван од З.Д. (64) од Битола, „форд“ управуван од А.Р. (63) од кичевското село Горно Страгомиште, и „опел“ управуван од Х.Е. (38) од Гостивар.

На самото место на несреќата загинале возачот на „мерцедесот“, З.Д., и возачот на „опелот“, Х.Е., додека сопатничката во „опелот“, Б.Е. (38) од Гостивар, починала откако била пренесена во Медицинскиот центар во Кичево. Смртта на сите тројца ја констатирал лекар, а по наредба на јавен обвинител телата се предадени на обдукција. Со телесни повреди се здобиле уште седум лица: возачот на „фордот“ А.Р. и неговата сопатничка А.А. (67) од село Колари, сопатникот во „мерцедесот“ Д.С. (37) од Кичево, како и четворица сопатници во „опелот“ – тројца малолетници од Гостивар и Р.Е. (60) од село Шутово, кичевско. Повредите им се констатирани во здравствени установи во Кичево и Скопје.

На местото на несреќата увид извршија јавен обвинител, судски сообраќаен вештак и полициски екипи. Според министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, причината за несреќата најверојатно е огромна неприлагодена брзина на еден од учесниците во сообраќајката кој е меѓу починатите. Како што додаде министерот бројот на жртви во сообраќајки во првиот квартал од 2025 година е сличен како лани, но бројките се катастрофални во споредба со европските стандарди. Тој најави имплементација на проектот „Безбеден град“ на територијата на целата држава.

Извор: Новинска агенција МЕТА

 

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

И АРБЕН ФЕТАИ ГО НАПУШТИ ТАРАВАРИ: ОВА НЕ Е БОРБА ЗА ПОЕДИНЕЦ, ОВА Е БОРБА ЗА ДОСТОИНСТВО

Заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење и висок...

ВИТКОФ: ОЧЕКУВАМ УСПЕШЕН РАЗГОВОР МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН

Главниот преговарач на американскиот претседател Стив Виткоф, кој работи...

ХАЈРЕДИНИ: ГОЛЕМА ГРЕШКА Е ДОКОЛКУ СТАВРЕСКИ ЈА ЗАМЕНИ АКТУЕЛНАТА ГУВЕРНЕРКА БЕЖОВСКА

Премиерот Христијан Мицкоски би направил голема грешка доколку се...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ