Wednesday, May 14, 2025
8.7 C
Skopje

МВР СО ДЕТАЛИ ЗА ПРЕСТРЕЛКАТА КАЈ БИТ ПАЗАР : ДВЕ ЛИЦА СО МОТОР ПУКАЛЕ КОН 31-ГОДИШНИОТ СУЛЕЈМАНИ

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје извршил увид на лице место по вчерашната оружена престрелка кај Бит Пазар, соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Македонија.

Од лице место биле се прибрани траги кои ќе бидат предмет на вештачење. Врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

По наредба на јавен обвинител, се додава во соопштението, се обезбедуваат снимки од видео надзор од околните објекти. Се издаваат сите потребни наредби и насоки за идентификација на инволвираните и целосно расчистување на настанот.

МВР пак информираше дека на 25.04.2025 околу 14.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Војдан Чернодрински“ на подрачјето на Бит Пазар има пукање од огнено оружје. Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар и полициски службеници од Единицата за интервентна полиција излегле на местото и било констатирано дека се работи за престрелка помеѓу две лица кои со мотор дошле и почнале да пукаат кон лице кое било веќе на локацијата, при што А.С.(31) од Скопје за здобил со прострелна рана и е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што околу 16.00 починал.

На местото на настанот најдени се повеќе чаури, а оштетени се неколку изложни стакла од околните продавници, како и неколку паркирани возила. Се преземаат оперативни тактички мерки за пронаоѓање на лицата и за расчистување на случајот.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

НОВИОТ ХИБРИДЕН ФИАТ 500 СЕ ОЧЕКУВА КОН ЗАВРШЕТОКОТ НА ГОДИНАТА

Градското мини со благ хибриден погон ќе се произведува...

ЕЛЕКТРИЧНОТО „FERRARI“ НЕМА ДА ИЗЛЕЗЕ ОВАА ГОДИНА

„Ferrari“ нè наведе да веруваме дека ќе го претстави...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ