26.2 C
Prilep
Monday, April 15, 2024
Home Македонија МВР СО ДЕМАНТ ДО ЈАНУШЕВ ОД ВМРО-ДПМНЕ ДЕКА УШТЕ ПРЕД ПЕТ ДЕНА...

МВР СО ДЕМАНТ ДО ЈАНУШЕВ ОД ВМРО-ДПМНЕ ДЕКА УШТЕ ПРЕД ПЕТ ДЕНА ГО ЗНАЕЛА УБИЕЦОТ НА ВАЊА И ПАНЧЕ

0
396

Министерството за внатрешни работи поладнево испрати демант во кој тврди дека на денешната прес конференција, Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ изнел лаги кои не соодветствуваат на вистината.

Јанушев го праша  МВР дали е вистина дека во СВР Скопје уште пред пет дена било пријавено дека скопјанецот Љупчо Палевски Палчо ја убил 14 годишната Вања Ѓорчевска.  Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира лагите кои денеска на прес конференција беа изнесени од страна на Игор Јанушев од партијата ВМРО-ДПМНЕ, каде меѓу другите невистини, беше изнесена лага дека во СВР Скопје пред пет дена наводно било заведено дека убиството врз малолетната В.Ѓ. го извршил Љ.П., а, наводно, не било ништо преземено, пишува во демантот од МВР.

„Тоа е апсолутна невистина. Таква работа не постои. Згрозени сме од самиот факт што оваа партија дури и за ваква трагедија шири дезинформации. Министерството за внатрешни работи и ОЈО Скопје денеска на прес конференција детално презентираа се што е преземено во врска со овој случај“, се наведува во демантот од МВР.Од МВР апелираат да престане ширењето на лаги и дезинформации, кои само нанесуваат штета на предистрагата.