МВР СКЛУЧИ ДОГОВОР ЗА НАБАВКА НА НАЛЕПНИЦИ ЗА РЕГИСТЕРСКИ ТАБЛИЧКИ, НАБАВНАТА ЦЕНА ОД 29.5 ДЕНАРИ ДО 41 ДЕНАР

0
369

Според димензиите, МВР по различна цена ќе ги набавува налепниците. Па така за налепница со димензија 99×42 МВР ќе плаќа 35 денари, за налепниците со димензии 85х40 милиметри цената ќе биде 41 денар, налепниците со димензии 63х37 милиметри ќе чинат 35 денари и налепниците со најмала димензија знесува 29,5 денари за две налепници.

Засега од МВР нема информација која ќе биде продажната цена на налепниците, но таа сигурно нема да биде пониска од набавната цена во тендерот.Освен налепниците со новото уставно име, МВР набави и регистерски таблички. Според понудата која е дадена од носителот на јавната набавка „Квантум дооел Скопје“ пар регистарски таблици за возило (образец бр.1) чинат 637 денари со вклучен ДДВ. Граѓаните најдоцна до 12 февруари 2024 треба да ги променат регистарските таблички и на нив да има ознака „НМК“ наместо досегашната „МК“, што е обврска која произлегува од Преспанскиот договор.