МВР СЕГА Е ПОД ПАЛКАТА НА СЛАВЈАНКА ПЕТРОВСКА: Приведени над 40 ВМРОВЦИ во Кавадарци поради организирање изборни нерегуларности

0
1207

Повеќе лица од Кавадарци вечерва се приведени во полициската станица,  поради сомнежи за организирање изборни нерегуларности. Портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски ја потврди информацијата за КТВ и најави повеќе детали за утре.

Според наши неофицијални информации, околу четериесетина  лица, членови на избирачки одбори, инаку членови на ВМРО-ДПМНЕ го фотографирале избирачкиот список и го препраќале во вибер група на активисти на партијата. Потоа активистите имале задача да ги изнесат на гласање,  луѓето кои не гласале.

Дознаваме дека повиканите луѓе во полиција биле членови на избирачки одбор на гласачко место во ООУ „Димката Ангелов Габерот“ Кавадарци. Фотографирањето на избирачки список е кривично дело исто како и сликањето на гласачко ливче.