МВР РЕКОНСТРУИРА ТОТАЛНО РУИНИРАНО ОДДЕЛЕНИЕ ВО ДОЈРАН КОЕ Е ЕДНО ОД 54-ТЕ РЕКОНСТРУИРАНИ ОБЈЕКТИ КАДЕ РАБОТИ ПОЛИЦИЈАТА

0
172

Реконструирано полициското одделение во Дојран, едно од 54-те реконструирани објекти со цел подобрување на условите за работа на полицијата.

Денеска извршив увид во санираното и реконструирано Полициско одделение Дојран, објект во кој со 5 милиони денари од буџетот на МВР за релативно краток период успеавме да ги завршиме сите предвидени градежни зафати, а кој во поголем дел беше доста амортизиран и во оштетена состојба.

Целосно е санирана кровната конструкција, со сета потребна инфраструктура, а од аспект на енергетска одржливост и ефикасност изработена е нова термоизолациона фасада со акрилен завршеток на целиот објектот и инсталирано е ново парно греење. Покрај ова, целосно е заменета електричната инсталација, санирани и обновени се санитарните јазли, а извршени се и низа други градежни работи надворешно и внатрешно во самиот објект.

За три и пол години реконструиравме 54 објекти, а во моментов интензивно се работи на реконструкција и санација на четири објекти: СВР Куманово, ПС Ресен, ПО Ростуше и Војничкиот клуб во Касарна Илинден за потребите на Специјалната антитерористичка единица – Тигар.

Продолжуваме со инвестирање во обнова и изградба на материјалната инфраструктура, на подобрување на сите технички и градежни стандарди како базичен предуслов за нормално и ефикасно работење на полициските службеници.
Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.