МВР ПРОДОЛЖУВА СО БИТКАТА ПРОТИВ ДРОГАТА : Три лица приведни на регионалниот пат Гевгелија – Богданци за поседување хероин

0
159

Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје и Полициската станица Гевгелија вчера во 11.30 часот на регионалниот пат Гевгелија – Богданци, на крстосница „Богородица“ ги лишиле од слобода Н.М.(33) и И.М.(48), двајцата од Гевгелија и Ѓ.Т.(46) од Богданци.

Како што соопшти МВР, при контрола кај Н.М. и И.М. бил пронајден и одземен хероин, кој претходно го набавиле во Богданци, додека по обезбедена судска наредба, при претрес на дом и помошни простории во Богданци, кои ги користи Ѓ.Т., биле пронајдени и одземени хероин, две дигитални ваги со остатоци од хероин, марихуана, 37 семки Canabis Sativa, пари за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од извршеното кривично дело, разни предмети со остатоци од хероин и средства за употреба на опојна дрога.

Лицата се приведени во полициска станица, а во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок по член 215 и 216 од Кривичниот законик.