МВР продолжува да се брука : Амди Бајрам сам преку телефон во вестите на Канал 5 признава дека неговото обезбедување му се нафрлило и го турнало на земја бодигардот на Зоран Заев

0
911

andibajramkanal5

 

 

Режимот, спрегата МВР, собрание и режимски медиуми веќе се донесени до ниво на најбедна перверзија!

Ова со Амди Бајрам излезе уште една бедна престава која е целосен показател дека снимките на Заев се повеќе од точни, ние пред наши очи гледаме дека процесот во кој институциите се претворени во несериозни режимски партиски дувла за пресметка со опозицијата!

Погледнете што се случува сега за наводниот напад на Амди Бајрам:

1. Амди Бајрам преку телефон сам признава дека немало физички напад туку само вербално добацување, по што неговите бодигарди му нарипале на бодигардот на Заев и го легнале на земја.

2. Полицијата наместо да ги уапси бодигардите на Амди, тие го уапсиле тепаниот па му направиле и претрес во автомобилот каде му нашле палки и ножеви, што не се смета за нелегално оружје и секој може да носи во кола се што не е поврзно со експлозивни средства.

3. Амди потоа театрално оди на Кардиологија и се жали дека е повреден поради вербален напад?!

4. Пратеничката група на ДПМНЕ излегува со соопштение во кое осудува напад врз Амди Бајрам?!

Сето ова оди во централните вести на Канал 5 и другите телевизии?! И за кави тоа ние сега зборуваме интитуции?! Не може ни да се дофрли до пратеник и да се изрази негодување, одма ќе те истепаат и ќе те однесат во полиција и после ќе ти стегнат пријава за нарушување на ред и мир?!?!