МВР : ПРЕТРЕС ВО ПРИЛЕП, ПРОНАЈДЕНА ДРОГА, ПРИВЕДЕНО ЕДНО ЛИЦЕ

0
66

На 13.09.2024 во 14.30 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода М.Г.(20) од Прилеп. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, две дигитални ваги и предмети со остатоци од марихуана.

М.Г. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него  ќе следува соодветна пријава.