МВР ПРЕРАСНА ВО ВИСТИНСКИ СЕРВИС НА ГРАЃАНИТЕ – 644 ПОЛИЦАЈЦИ ПОМАГААТ ВО ГАСНЕЊЕТО НА ПОЖАРИТЕ

0
243

644 полициски службеници ангажирани во последното деноноќие за пожарите

Во текот на изминатото деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 08.08.2021 до 07.00 часот денеска (09.08.2021) во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на Република Северна Македонија, од страна на МВР беа ангажирани околу 650 полициски службеници, реализирани 222 мото-патроли, при што беа користени 205 возила. Деноноќно на терен се и припадниците на сите специјлни единици на полицијата: Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, Единицата за брзо распоредување и Посебната единица за поддршка, кои несебично помагаат во гасење на пожарите.

На 08.08.2021 година од слобода се лишени две лица, и тоа во СВР Струмица, во врска со пожар настанат истиот ден кај крстосницата с.Дабиле-с.Сачево, бил лишено од слобода Д.К.(30) од с.Баница, а во СВР Охрид, во врска со пожар настанат околу 18.30 часот во атарот на с.Бомово, дебарско, во полициска станица бил приведен Б.М.(60) од Дебар.

МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар. Неопходна е максимална будност и целосно одговорно однесување на секој поединец.