МВР ПРАВЕЛЕ СЕКОЈ ДЕН КОНТРОЛИ НА БЛЕРИМ РАМАДАНИ НО ПО ЖАЛБАТА НА ОЈО-ГОКК, ДЕНОТ КОГА КРИВИЧЕН СОВЕТ ОДЛУЧУВА ПО ЖАЛБАТА – РАМАДАНИ БЕГА!

0
167

Судијата Пајазит Пајазити го ставил, па го пуштил поранешниот припадник на ОВК, Блерим Рамадани од ефективен притвор, иако околностите под кои е одреден притворот биле непроменети, дознава „Скопје1“.

На МВР им била дадена насока да вршат контроли, кои биле правени секојдневно. Обвинителството за гонење организиран криминал (ОЈО-ГОКК) не се согласило и поднело жалба.

Денот кога Кривичен совет одлучува по жалбата – Рамадани бега. Вака изгледал текот на настаните кога во прашање е Рамадани, за кого Србија има потерница и го бара за извршени воени злосторства.

Извор : Скопје1