МВР ПОДНЕСЕ ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ПРОТИВ ЛАТАС ПОВРЗАНО СО ИНТЕРВЈУТО НА ПОДКАСТОТ КАЈ ЈУТЈУБЕРОТ СТЕФАН ЛАЗАРОВ

0
306
Од МВР информираат дека денеска поднеле Известување до Обвинителството по интервјуто на Стефан Лазаров со Драган Павловиќ -Латас, кој во неговиот подкаст зборуваше за начинот на кој тој и негови другари на 15 години сексуално злоупотребиле девојка во автомобил, која притоа била и „шамарана“.

-Денеска (20.02.2023), МВР поднесе Известување до надлежното Јавно обвинителство, во врска со претходно објавено интервју на С.Л. со Д.П.Л., како подкаст на Јутјуб канал. Имено, Известувањето е поднесено по преземени мерки и активности од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, заедно со целокупниот документиран материјал за понатамошно постапување, велат од МВР.