МВР : КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА БИТОЛЧАНЕЦ, ПРИ ПРЕТРЕС ПРОНАЈДЕНИ СЕ ДРОГА, МУНИЦИЈА …

0
43

СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против К.Т.(29) од Битола поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.

Пријавениот во повеќе наврати продавал марихуана и амфетамин на други лица од Битола, а при претрес во неговиот дом, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана, пет проектили од муниција за пушки, како и модели од автоматски оружја.