МВР ИЗВРШИ УСПЕШНО ОРГАНИЗИРАНО НИШТЕЊЕ НА МИНСКО ЕКСПЛОЗИВНИ – СРЕДСТВА, ВРЗ ОСНОВА НА СУДСКИ НАРЕДБИ, НА ПОЛИГОНОТ ПЕНУШ

0
707

Денеска (02.06.2023) Министерството за внатрешни работи – Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Единица за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи при Сектор за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам, во координација со Одделот за специјални полициски операции, Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења и СВР Штип изврши успешно организирано ништење на минско-експлозивни средства на полигонот Пенуш.

Станува збор за ништење на минско-експлозивни средства кои се одземени при прегледи и претреси на лица и објекти, како и оние пронајдени при ископи од страна на физички и правни лица, врз основа на издадени судски наредби за ништење.