Sunday, March 23, 2025
9.8 C
Skopje

МВР ЗА ПРЕТРЕСИТЕ ВО СВОИТЕ РЕДОВИ: ОДЗЕМЕНИ МОБИЛНИ И ОБЕМНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Во вчерашната акција, што беше спроведена вчера во Одделот за општи и заеднички работи во МВР, биле извршени претреси на 16 локации и запленети се обемна документација и мобилни телефони. Како што информираа денеска од МВР, активностите биле преземени во координација со Јавното обвинителство околу предмет кој е во предистражна постапка, а се однесува на злоупотреба и договарање меѓу економски оператори и вработени во Одделот за општи и заеднички работи во МВР во врска со спроведена јавна набавка за потребите на Министерството.

Мобилните телефони и документацијата ќе бидат дел од натамошна анализа и вештачење, а, како што информира МВР, биле извршени и службени разговори со повеќе лица. Според неофицијални информации кои дел од медиумите ги објавија вчера, полициската акција во просториите на Министерството за внатрешни работи се однесува на истрага поврзана со сомнежи за злоупотреба на тендери за сервисирање на службените возила.

ОВАА НЕДЕЛА

ПОЗНАТИОТ БУГАРСКИ АКТЕР, ФИЛИП БУКОВ ДОНИРАШЕ КРВ ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ ОД КОЧАНИ

Познатиот бугарски актер Филип Буков демонстрираше исклучителна хуманост со...

МИРЕН СОБИР ВО ШТИП: ,,ВИЕ ГО ЗАПАЛИВТЕ ПЛАМЕНОТ, СПРЕМЕТЕ СЕ ЗА ОГАН”

На мирен собир во Штип вечерва граѓаните им оддаваат...

НИКОЛОСКИ: ОДЗЕДОВМЕ 427 ЛИЦЕНЦИ

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски информираше дека...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ