МВР ДОСТАВИЛО ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ОЈО ГОКК СО ОСНОВИ НА СОМНЕВАЊЕ ЗА КРИВИЧНИ ДЕЛА ОД СЛУЖБЕНИ ЛИЦА КОИ ОДЛУЧУВАЛЕ ПО ЕКСТРАДИЦИЈАТА НА БЛЕРИМ РАМАДАНИ

0
91

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи доставило известување до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) основи на сомневање за сторени кривични дела од страна на службени лица кои донесувале одлуки за екстрадиција на Блерим Рамадани и постапувале по истите.

Судот, како што посочуваат од МВР, донесува одлука која државните институции тешко можат да ја спроведат во целост и дека мерката куќен притвор на странски државјани на туѓа адреса на живеење е преседан во досегашната практика.