Friday, June 20, 2025
19.8 C
Skopje

МВР ДЕМАНТИРА ДЕКА НАБАВУВА СОФТВЕР ЗА ПРИСЛУШКУВАЊЕ, ТУКУ СТАНДАРДНА ФОРЕНЗИЧКА ОПРЕМА

Министерството тврди дека станува збор за легална и транспарентна набавка на алатки за дигитална форензика, користени и во минатото. Обвиненијата од СДСМ ги оцени како невистини што ја поткопуваат довербата во институциите.

Министерството за внатрешни работи денеска ги отфрли како „невистинити и неосновани“ тврдењата на СДСМ дека институцијата набавила софтвер за шпионажа и прислушкување. Во демантот, испратен до јавноста од Секторот за односи со јавност и протокол, се наведува дека станува збор за редовно обновување на лиценци за дигитална форензичка опрема, која се користи веќе повеќе од една деценија.

Според МВР, лиценците се за софтвер наменет за екстракција и анализа на податоци од мобилни телефони и други електронски уреди, исклучиво во контекст на истраги што се водат со судски налози и во согласност со законските процедури.

„Овие алатки не овозможуваат и не се користат за прислушкување, туку претставуваат стандардна опрема за дигитална форензика, каква што се користи и од други безбедносни институции ширум светот“, се вели во соопштението.

Министерството дополнително потсетува дека истиот тип софтвер бил набавен и во 2021 година, кога МВР било раководено од министер од редовите на СДСМ, што, според институцијата, „само ја нагласува противречноста“ на сегашните обвинувања од истата партија.

„Набавката е спроведена транспарентно и согласно со Законот за јавни набавки и има единствена цел – да го засили капацитетот на Одделот за форензички испитувања во откривање и докажување на кривични дела“, наведуваат од МВР.

Во завршницата од демантот, Министерството апелира до политичките субјекти да се воздржат од пласирање дезинформации што, како што се наведува, ја поткопуваат довербата во институциите. „Борбата против криминалот мора да биде заеднички приоритет, а не повод за политички конструкции што одговараат само на оние кои се плашат од функционални институции и владеење на правото“, се заклучува во соопштението.

ОВАА НЕДЕЛА

ВО МАСОВЕН ВОЗДУШЕН НАПАД СОСТАВЕН ОД 60 АВИОНИ, ИЗРАЕЛ ГО УБИ НОВИОТ НАЧАЛНИК НА ГЕНЕРАЛШТАБОТ ВО ИРАН

Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни напади врз...

НИКОГАШ НЕ СМЕ СТАВИЛЕ ВЕТО, РЕЧЕ РАДЕВ ПРЕД СИЉАНОВСКА ДАВКОВА: „БУГАРИЈА НЕ ВЕ БЛОКИРА“

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија никогаш не...

ЕСКАЛИРА СУДИРОТ МЕЃУ ИРАН И ИЗРАЕЛ: РЕКЕТИРАНА БОЛНИЦА И ЗАСИЛЕНИ ТЕНЗИИ

Најмалку 89 лица се повредени откако иранска ракета ја...

ЗАХАРОВА: КОСОВО Е ДЕТЕ НА ЗАПАДОТ И ПЛОД НА АГРСИЈАТА НА НАТО

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова,...

ДАЛИ ИРАН СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО БЛОКИРА ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ?

Израел денес ги бомбардираше иранските нуклеарни постројки, а иранските...

ИРАН ГИ БЕЛЕЖИ КАДЕ СЕ НАОЃААТ СИТЕ АМЕРИКАНСКИ БАЗИ НА БЛИСКИОТ ИСТОК

Со повеќе од 40.000 американски војници распоредени низ Блискиот...

ДОДИК: ДОДЕКА ЈАС ЈА ВОДАМ РЕПУБЛИКА СРПСКА, НИЕ НЕМА ДА БИДЕМЕ ПАРКИНГ ЗА МИГРАНТИ

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека Република...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ