МВР ГИ ФАТИ ИЗМАМНИЦИТЕ КОИ КРАДЕА СКАПИ КОЛИ СО ФИНТА КАЈ НОТАР, ПОДНЕСЕНА ИМ Е КРИВИЧНА ПРИЈАВА!

0
11195

Кривична пријава против четири лица за извршени девет кривични дела „измама“

Одделението за криминалистички работи во Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против Р.А.(27), поради постоење основи на сомневање дека сторил шест кривични дела „измама“, како и против М.А.(18), К.К.(29) и Н.А.(29), поради постоење основи на сомневање дека сториле по три кривични дела „измама“, казниви по чл.247 од Кривичниот законик, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 5.472.790 денари.

Пријавените, кривичните дела ги извршиле на 01.11.2019, 09.01.2020, 11.08.2020, 06.10.2020, 21.10.2020, 26.10.2020, 11.11.2020, 27.11.2020 и 30.11.2020 на идентичен начин, и тоа откако претходно ќе забележале објавен оглас за продажба на поскапи моторни возила, се јавувале на објавениот телефонски број од огласот и во контакт со оштетените се договарале да се сретнат на претходно одреден нотар, поради купопродажба на возилото. По остварената средба кај нотарот, горепријавените лица се договарале со оштетниот во договорот да се наведе сума на пари која нема да ја надмине законската регулатива за плаќање во готово, додека останатиот дел од сумата ќе бидат исплатени на рака.

По потпишување на договорот, горепријавените лица ги носеле оштетените на различни места со изговор дека ќе дојде трето лице кое ќе ги донесе останатите пари, но во даден момент, искористувајќи го невниманието на оштетените, им ги земале клучевите и заминувале со возилото кое било предмет на купопродажба.