МАЈКА И ДИРЕКТОР, БРАТ И ДИРЕКТОР, СНАА И ВРАБОТЕНА НА ДРЖАВНО, ТАА 12 ГОДИНИ ПРАТЕНИК : ВРИЕ ВО ВМРО-ДПМНЕ ПРИЛЕП, ВМРОВЦИТЕ ЛУТИ НА АНЕ ЛАШКОСКА КОЈА СПОРЕД НИВ ЈА УЗУРПИРА ПАРТИЈАТА ВО ГРАДОТ

0
877

До нашата редакција пристигна мејл на незадоволен член и активист на ВМРО-ДПМНЕ, вработен во тутунскиот комбинат во Прилеп, неговиот текст ви го пренесуваме во целост без никакви интервенции во текстот:

  • Здраво Рубин, би сакале да го прочитате овој мејл во врска со прилепскиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи тука одамна ножот ја пресекол коската, се работи за вечната пратеничка Ане Лашкоска и нејзината фамилија жедна за власт додека членството на ВМРО-ДПМНЕ е ни на небо ни на земја.

Во Прилеп по трет пат го вработуваат нејзиниот брат, братот на Ане Лашкоска, Дејан Лашкоски. Според наши информации нејзиниот брат отиде со отпремнина од тутунскиот комбинат во Прилеп во вредност од околу 1.000.000 денари каде што извесно време беше и извршен директор поставен во периодот од 2011 до 2016 година.

Братот на Лашкоска, Дејан Лашкоски е познат по тоа што цел живот живее како бубрег во лој и на гага каде им го откупуваше тутунот на тутунарите за басносновна цена. Во ЈКП Водовод ќе работи како советник на директорот Гулабоски за плата од 40.000 денари, и се прашуваме за што би го советувал директорот?! Како да си ги вработува кучињата и мачињата?!

Членовите на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп вријаат и се откажуваат од партијата, велат само за Лашковци ќе работиме, мајка директорка, брат и директор, снаа и вработена …

Ане Лашкоска е 17 години на позиција, почнувајќи од 2005 година од кога му стана “братучеда” на Марјан Ристески до ден денес е позиција. Од 2011 до денес пратеник, ама се претераа со вработување на братчето гагаџија, од нас тутунарите бараше да го честиме во кафана скоро секој ден.

Инаку нека се ебат што сака нека прават …