Saturday, July 12, 2025
24.8 C
Skopje

МАШИНАТА ЗА ЛАЖНИ ВЕСТИ НА ВМРО ПОЧНА ИСКРИ ДА ФРЛА – МЗ: Објавен е лажен документ кој не е поврзан со набавката на вакцини

Министерството за здравство категорично ги демантира и осудува пласирањата на лажните документи кои опозицијата и медиуми блиски до нив ги прикажуваат дека се составен дел од процесот за набавка на вакцини против Ковид 19.

ВМРО ДПМНЕ свесно сака политички да профитира по цена да се наруши договорот за набавка на вакцини и по цена на здравјето на граѓаните. На помош на опозициската партија се и некои медиуми кои единствено од за нив разбирливи причини објавија таканаречен документ, кој е лажен, на ниту еден начин не е поврзан со процесот за набавка на вакцини, како што сакаат да и прикажат на јавноста.

Во тој нивни „доказ” се спомнува сума која е лажна иако сакаат да ја прикажат како цена за купување на вакцини. Партијата ВМРО ДПМНЕ и медиуми блиски до нив сакаат да одржат во живот афера која не постои, сакаат да пласираат во јавноста криминал кој не постои, сакаат да спречат Владата и Министерството за здравство да купат вакцини против Ковид 19.

И ВМРО ДПМНЕ и медиуми блиски до нив многу добро знаат дека процесите за набавка на вакцини се доверливи, посебно цените на вакцините тоа е глобална политика на сите производители, но и покрај тоа свесно се обидуваат преку лажни информации да наведат дека, од една доверлива постапка излегуваат податоци и документи во јавност. Уште еднаш Министерството за здравство демантира дека документот и сумата наведена во истиот се поврзани со набавка на вакцини, потенцираме дека станува збор за лажен податок.

ОВАА НЕДЕЛА

ТАТКО ОД ДЕБАР ЈА ПРИСИЛИЛ СВОЈАТА МАЛОЛЕТНА ЌЕРКА ДА ПИТА ПО УЛИЦИ, МВР ГО УАПСИ

Триесетгодишниот маж се сомничи дека го сторил казненото дело...

АМЕРИКА НА КРСТОПАТ: КРАЈ НА ФЛЕРТОТ МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН?

Доналд Трамп имаше два бурни „разводи“ во изминатиот месец....

ВИСАР ГАНИУ ГО ОСУДИ НАПАДОТ ВРЗ АРСОВСКА „НИКОЈ ОД ОПШТИНА ЧАИР НЕ Е ИНВОЛВИРАН“

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу го осуди нападот...

СПОРЕД ЦУК ВКУПНО 32 ПОЖАРИ БЕСНЕАТ ВО МАКЕДОНИЈА

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30...

ЛИШЕНО ОД СЛОБОДА ЛИЦЕ КОЕ ПРЕДИЗВИКУВА ПОЖАР ВО СКОПСКО ОГЊАНЦИ

Денеска (11.07.2025) полициски службеници од СВР Скопје во 18.30...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ