МАФИЈАТА ВО ЗЕМЈАВА СИ ИМА СВОЈА ПРАТЕНИЧКА ГРУПА – ПРАТЕНИЦИ УПАДНАЛЕ ВО АНБ ДА СЕ БУНАТ ЗА ПРИТВОРОТ НА КАМЧЕВ?!?!

0
3108

Денеска собраниската Комисија за надзор на работењето на Агенцијата за национална безбедост и Агенцијата за разузнавање беше во прва надзорна посета во просториите на разузнувачките служби.

Директорот на АНБ, Виктор Димовски, ги информирал членовите на Комисијата за работењето на Агенцијата, нејзината законската поставеност и актуелните состојби на планот на националната безбедност, но и за активностите на АНБ поврзани со контраразузнавањето и спротивставувањето на разузнавачката активност на странски служби. Шефот на АНБ ги информирал народните избраници, уште и за спротивставуањето на тероризмот и насилниот екстремизам, за поставеноста околу спречувањето на потешките облици на организиран криминал со кои се загрозува националната безбедност, за сензитивните информации поврзани со пандемијата, како и други прашања од надлежноста на Агенцијата.

Членовите на собраниската Комисија за надзор на АНБ и АР се интересирале и за кадровската поставеност во Агенцијата, за стратегијата за модернизација на Агенцијата и за натамошната кадровска екипираност.

„Членовите на Комисијата пројавија интерес и околу безбедносните проверки, полиграфското тестирање, тестот за интегритет и други прашања поврзани со имлементација на законските одредби при селекцијата и кадровската екипираност, покрај другото се интересирале и за „актуелни случаи кои во последно време побудија интерес во јавноста“, пишува во соопштението.

Последните денови дел од медиумите објавија дека селекцијата на вработените во АНБ била непрофесионална и нетранспарентна и дека поранешни вработени во УБК испратиле стотина претставки до странски организации, амбасади и домашни институции. Во претставките пишувало дека при изборот на вработените во АНБ не бил докрај испочитуван Законот за национална безбедност, односно не биле употребени полиграфскиот и тестот за интегритет.

Според шефот на АНБ сите активности се преземале согласно законските надлежности.

Претседателот на Комисијата за надзор на АНБ и на АР за Слободен печат рече дека ова е прва посета на собранската комисијата и дека членовите во тимот кои ја посетуаат Агенцијата поседуваат соодветни безбедносни сертификати.

– Овој цивилен надзор пред се и е потребен на Македонија и на нејзините граѓани бидејќи со тоа исполнуваме еден дел од забелешките кои ги има ЕУ а се однесуваат баш на цивилниот надзор од страна на пратениците во Собранието, врз службите. Сметам дека кога се работи за безбедноста на државата и на граѓаните, не смееме да се делиме на политички партии туку сите заедно да работиме во интерес на граѓаните. Реформите кои се направија во минатото, беа со консензус. АНБ го смени името но и законот според кој функционираат. Реформи секогаш се прават, тие се повеќе од потребни, ги правиме за нас за подобрување. Соработуваме со многу невладини организации и експерти, така што генерално законот е многу подобар од претходнио, но оставам простор и за негово подобрување во наредниот период,вели Пренџов.

Според Фактор собранската комисија влегла во АНБ за да утврди дали постоело пречекорување на законските ограничувања и овластувања при постапувањето на Агенцијата во постапка со архиврски број СД бр. 02-545/1.

„Станува збор за Информација на АНБ, врз основа на која на бизнисменот Јордан Камчев, осомничен во случајот „Плацеви на Водно“, му е изречена мерката притвор“, пишува Фактор.