Стопанската комора на Македонија – Турција МАТТО и нејзините членки донираат 3.300.000 денари за помош на фамилиите погодени од несреќата во Кочани.
“Голема тага и жал не обви сите нас. Посакуваме повредените што побрзо да се опорават и да се вратат во прегратките на своите најблиски”, стои во соопштението на Комората.
“Длабоко сочувство до семејствата на загинатите, воедно и искрени желби за брзо опоравување на повредените.”
“Молитвите на членовите на МАТТО се со семејствата на настраданите и семејствата на жртвите во Кочани”, изјавуваат од Комората.
МАТТО потенцира дека ќе продолжи да го помага Црвениот крст и неговите човекољубиви акции за рамноправно општество.
Извор: МИА