Thursday, February 13, 2025
4.8 C
Skopje

МАСОВНИ ПРОТЕСТИ ВО ГЕРМАНИЈА ПРОТИВ СВРТУВАЊЕ ДЕСНО

Во Германија, луѓето масовно излегоа на улиците во саботата (1 февруари) за да протестираат против десничарската промена и соработката со екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (AФД). Според полицијата, демонстрациите биле главно мирни. Протестите се насочени и против Христијанско-демократската унија (ЦДУ), која во средата со помош на АфД го протурка предлогот за заострување на миграциската политика во Бундестагот.

Сепак, нацрт-законот за ограничување на миграцијата пропадна во петокот, пишува Дојче веле. Во Хамбург десетици илјади луѓе повторно излегоа на улиците. Според податоците на полицијата, 65.000 луѓе протестирале мирно, како што јави јавниот сервис НДР. Организаторите процениле дека учествувале 80.000 луѓе. Околу 10.000 луѓе во Бремен испратија порака против десничарските тенденции. Илјадници луѓе излегоа на улиците во Линебург, Брауншвајг и Хановер.

Според јавниот радиодифузен сервис, околу 16.000 луѓе се собраа во Келн, додека организаторите тврдеа дека имало 45.000 демонстранти. На транспарентите можеа да се видат пароли како „Нема Мерц од март“ и „Фридрих, слушај ја мајкати.

Поранешната канцеларка Ангела Меркел, која некои ја нарекуваа „мајка“ за време на нејзиниот мандат, јавно се изјасни против гласањето заедно со АфД и го критикуваше Фридрих Мерц, со кого отсекогаш била во расправија Во Есен, маршираа 14.000 луѓе, значително повеќе од пријавените 3.000 Протести се одржаа и во Ахен. Под слоганот „Огнен ѕид наместо пиромани“, илјадници луѓе се собраа во Лајпциг, протестирајќи против заедничкото гласање на Унијата и АфД.

Според локалните медиуми, на улиците излегле 10.000 луѓе. Една од организаторките, Бенте Шторк 1 порача на ЦДУ и нејзиниот лидер Фридрих Мерц: „Кој соработува со фашистите мора да смета на нашиот отпор“. Во Штутгарт, околу 44.000 учесници се собраа на протест против свртувањето кон десно“. Илјадници луѓе протестираа и во Баварија против заедничкото гласање на Унијата и АфД во врска со миграциската политика. Под слоганот „Заштитниот ѕид гори. Остануваме доследни“.

Инциденти во Гетинген. Во Гетинген се одржа протест против собирот на движењето Кверденкер, на кој присуствуваа околу 140 луѓе, соопшти полицијата. Контра-демонстрацијата собра 5.000 луѓе, додека организаторите тврдеа дека имало 10.000. Протестот беше организиран од коалиција против десницата со поддршка на бројни иницијативи, цркви, синдикати и политички партии.

Подоцна попладнето избувнаа судири меѓу контрадемонстрантите и полицијата. Многу повеќе луѓе отколку што првично се очекуваше се собраа на протестите против изборниот митинг на АфД во градот Неу Изенбург во јужниот дел на Хесен. Полицијата процени дека присуствувале околу 9.000 демонстранти. Имаше неколку инциденти. Според полициските изјави, повредени се еден полицаец и еден демонстрант.

ОВАА НЕДЕЛА

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ