Илон Маск ја заостри јавната расправија со Доналд Трамп, нагласувајќи дека американскиот претседател ќе ги изгубеше изборите без неговата поддршка.
„Без мене, Трамп ќе ги изгубеше изборите“, објави Маск на социјалната мрежа X.
Without me, Trump would have lost the election, Dems would control the House and the Republicans would be 51-49 in the Senate.
— Elon Musk (@elonmusk) June 5, 2025
Вредноста на акциите на Тесла нагло паднаа на Волстрит, за осум проценти, веднаш по избувнувањето на расправијата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Илон Маск, извршниот директор на компанијата за електрични автомобили.
Трамп рече дека е разочаран од Маск – поранешен близок сојузник – критикувајќи го неговиот предложен закон за огромни трошоци, додека Маск го критикуваше Трамп за „неблагодарност“ за поддршката на технолошкиот тајкун.