МАСАКР ПО УЛИЦИТЕ ПО АПСЕЊЕТО НА СИНОТ НА ЕЛ ЧАПО – СИТУАЦИАЈТА НАЛИКУВА НА ВОЈНА, 29 ДОСЕГА ГО ЗАГУБИЈА ЖИВОТОТ

0
529

Гузман-Лопез е обвинет дека водел фракција на озлогласениот картел на неговиот татко Синалоа, изјави министерот за одбрана Луис Кресенсио Сандовал. Таа е една од најголемите организации за трговија со дрога во светот. Татко му, пак , отслужува доживотна затворска казна во САД.

Најмалку 29 лица ги загубија животите за време на судирите меѓу армијата и нарко картелот Синалоа, кои следеа по апсењето на Овидио Гузман Лопез, син на Хоакин Гузман Лоера, еден од најозлогласените нарко босови во светот, попознат по прекарот Ел Чапо. Како што опишаа мексиканските власти, ситуацијата на улиците во моментов потсетува на вистинска војна. Во пресметката досега загинаа 10 војници и 19 членови на криминална организација.

„Битката“ ја започнаа членовите на картелот кои сакаа да спречат екстрадиција на нивниот „покровител“. Тие пукаа кон мексиканските војници со митралези од 50 мм, на што армијата одговори со напад од борбени хеликоптери од типот „Блек Хок“. Тие извршија напад на 25 гангстерски возила, вклучително и камиони опремени со артилериски гнезда.