Thursday, February 13, 2025
5.8 C
Skopje

МАРТА КОС: РЕАЛНА ШАНСА ЦРНА ГОРА ДА СТАНЕ ЧЛЕНКА ЗА ВРЕМЕ НА МОЈОТ МАНДАТ ВО 2029 ГОДИНА

Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска во Подгорица изјави дека сака да ја охрабри Црна Гора да работи уште понапорно доколку сака да ги затвори поглавјата од преговорите со ЕУ до 2026 година и дека има реални шанси Црна Гора да стане членка на ЕУ за време на нејзиниот мандат (крајот на 2029 година).

На прес-конференцијата со премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, Кос рече дека Црна Гора има шанса да ги заврши преговорите за време на нејзиниот мандат, што почнаа на 1 декември 2024 година, а дека тоа го сакаат граѓаните. Таа нагласи дека сите политички чинители треба да работат согласно желбите на граѓаните за влез во ЕУ. „Проширувањето треба да ги вклучи сите слоеви на општеството, институциите. Црна Гора има историска можност и нема време за губење. Сметам на вас да ме направите горда“, рече Кос. Одговарајќи на прашања од новинарите, Кос рече дека најдобриот начин да се оди напред е да се вклучи опозицијата и да се поддржат реформите и дека разликите во врска со тоа треба да се дискутираат во парламентот.

„Очекувам дека мнозинството во парламентот ќе ги поддржи реформите“, рече Кос. Премиерот Милојко Спајиќ изјави дека доаѓањето на еврокомесарката за проширување е голема обврска за Црна Гора „да работи уште повеќе“. „За нас е голема чест и голема обврска: да ги затвориме поглавјата до 2026 година. Треба да се фокусираме на реформите што бараат и бараат компромис меѓу власта и опозицијата“, рече Спајиќ.

ОВАА НЕДЕЛА

СОПРУГАТА НА ИГОР ЈУГ: ЕДНА РЕЧЕНИЦА ДА МЕ ПОСЛУШАШЕ, СЕГА УШТЕ ЌЕ БЕШЕ МЕЃУ НАС

Сопругата на Игор Југ, еден од осудениците за настаните...

СТОЈЧЕВСКИ: ВОЗЕЛ ПИЈАН, БЕЗ ВОЗАЧКА, НАПРАВИЛ СООБРАЌАЈКА – БАРАМЕ ОСТАВКА ОД ПРАТЕНИКОТ СЕРГЕЈ ПОПОВ

Прес конференција на Социјалдемократската младина на Македонија, Трајче Стојчевски...

КУЗМАНОВСКА: СКАНДАЛОТ СЕ ШИРИ, СЕРГЕЈ ПОПОВ НАМЕСТО ЗАТВОР ДОБИЛ КАЗНА ОД 500 ЕВРА

Изјава за медиуми, Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММ Почитувани, Скандалот со...

БЕРБОК: УКРАИНА И ЕВРОПА МОРА ДА БИДАТ ВКЛУЧЕНИ ВО МИРОВНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА УКРАИНА

Трамп им нареди на највисоките американски функционери да започнат...

БИТИЌИ: СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ СИ ЗАМИНУВААТ, ВЛАДАТА СО ХАРТИЈА ГАСИ ПОЖАР

„Доколку ги тргнеме слоевите на сложениот правен вокабулар  и бирократскиот...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ